ВМРО-ДПМНЕ: Стани Таче не се криј позади Цаци (ВИДЕО)

„Македонија доби наместо премиер, стендап комичар и дезертер.  Неговите гафови и шеги кои никој не ги разбира говорат за ниското ниво на капацитет на Ковачевски да се носи и да ги решава проблемите на граѓаните. Заслугите на овој стендап комичар се Македонија на врвот по мизерија и инфлација, на дното по борба против криминалот и корупцијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинија дека КОвачевски ја втурнал државата во амбис и проблеми.
 
„Велат Ковачевски не се потпишал само на хартијата која не му била ставена на биро, и затоа тој е најдобриот бугарски ас во македонската политика. Димитар Ковачевски е на мака кој повеќе да го слуша, лидерот во сенка Заев во Струмица, или Али Ахмети од Зајас. Неговото безпоговорно следење државата ја втурна во амбис и проблеми. Затоа стани Таче не се криј позади Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори, зошто секој ден е се полошо со СДС“, кажа тој.
30.11.2022 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега