ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што СДСМ го обвинува Чулев за илјадниците заразени- Главни виновници за хаосот во здравството се Заев и Филипче

СДСМ живее во минатото. Срамно е што виновници за денес илјадниците заразени уште им се Наќе Чулев  и Гордана Димитриеска Кочоска. Тоа покажува колку се очајни и отсутни во реалноста. И тогаш кога Наќе и Гордана беа министри, министер за здравство беше Венко Филипче и тогаш и сега   Оливер Спасовски беше дел од Владата. Венко Филипче и Зоран Заев се одговорни за геноцидот најголем по втората светска војна во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека Чулев е виновен за короната.

Од партијата наведуваат дека поради нивната неспособност од почеток на пандемијата до денес над 1000 лица ја изгубија битката со овој вирус.

„Поради неспособноста на Заев и Филипче над 1000 семејства ги изгубија своите блиски и се завиени во црно.

За тестирање се чека неколку дена, а исто толку и за добивање на резултати. Додека пациентот добие дијагноза тој веќе е во напредна фаза и неговото здравје е загрозено. Капацитетите на болните се полни, а нив мува не ги лази за тоа.

 

Единствено што треба да направи Филипче е да си даде оставка и да ја спаси Македонија од нови жртви“ велат во реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа