ВМРО-ДПМНЕ: Со влада предводена од СДСМ, не може да има добар живот

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев во овој мандат не сработи апсолутно ништо. Не успеа да реализира ниту едно ветување кое го имаше во предизборна кампања, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветуваа живот за сите граѓани, а живот дојде само за лицата блиски до СДСМ. Нема просечна плата од петстотини евра, нема нов Клинички центар, нема 600 километри нов автопат, нема студентски градови, нема  просечен раст на економијата од 5% годишно како што ветуваа пред да дојдат на власт. Единствени нешто по што ќе остане запаметена оваа влада на СДСМ се криминалните тендери, рекетот, корупцијата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова, додаваат од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа