ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ животот е најтежок, народот нема пари ниту за леб

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека животот со СДСМ на власт е најтежок и оти народот нема пари ниту за леб.

-За една година лебот, брашното, зејтинот и другите прехранбени продукти имаат раст на цените и за 100%. Тоа што лани можело да се купи со 500 денари, сега не може да се купи ниту со 1.000 денари. Правда нема. Нема правда за загинатите во Тетовската болница, за загинатите во случајот со Беса Транс. Нема правда за Тот, за младото момче од струмичко кое беше убиено пред неколку дена, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, системот воопшто не функционира.

-Со СДСМ и ДУИ земјоделците се потешко преживуваат. Неможат да го продадат својот род, а нема со што ниту да ги прехранат семејствата. Луѓе во ек на пандемија се соочува со колабирано здравство. Во Македонија никогаш не се живеело полошо. СДСМ и ДУИ мора да си заминат. Избори час поскоро, велат од партијата..

19.06.2022 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега