ВМРО-ДПМНЕ со предлог амандман за набавка на прочистувачи на воздух за предавалните на УКИМ

Предлагаме амандман за прочистувачи на воздух во просториите каде што се изведува настава. Со амандманот се предлага да се обезбедат средства од милион денари за набавка за прочистувачи на воздух за просториите во кои што се одржуваат предавања на студентите при Универзитетот на „Св. Кирил и Методиј“, посочи Драган Цуклев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисија за финансирање и буџет.

Цуклев образложи дека е битно да не ги заборавиме најбитните, децата од претшколската возраст и овој амандман се однесува токму за нив. Со амандманот се предлага да се обезбедат средства од висина од 3 милиони денари за набавка на прочистувачи на воздух за градинките во Република Македонија.

Ова ќе биде добар почетен чекор таму каде што воздухот е најзагаден, барем за следната буџетска година, да се пренаменат за прочистувачи на воздух, потенцира Цуклев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега