ВМРО-ДПМНЕ: Со покачување на струјата Заеви се богатат, а граѓаните осиромашуваат

Граѓаните се против покачувањето на цената на струјата. Тоа е огромен удар врз нивниот џеб и домашен буџет, во услови на пандемија, кога голем број ги загубија своите работни места. Тоа Заев не го интересира. СДСМ не реагира и продолжува со својата политика на грабање се што може да се грабне.

Ова денеска преку писмено соопштение го истакнуваат од актуелната опозициска ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека на СДСМ не ѝ е важно дали граѓаните имаат пари да ги плаќаат покачените сметки за струја, сѐ додека се полни буџетот на фирмите од кои утре ќе земат тендери фирмите на Заеви.

-РЕК Битола и АД ЕЛЕМ три години се користат како средство за богатење на Заеви и фирми блиски до нив, кои испумпаа милиони преку јавни набавки. Доколку СДСМ се поставеше домаќински, овие фирми немаше да ја почувствуваат загубата причинета поради пандемијата, но тоа ќе значеше помалку тендери за нивни блиски фирми, работа, од која очигледно не можеа да се откажат. Тоа ќе значеше и дека нема да можат да прават предизборен поткуп со над 1.000 вработувања.          Сметката за богатењето на поединци од власта и предизборниот поткуп сега стигна, а неа ќе треба да ја платат граѓаните. Апелираме власта да се вразуми, да ги примени советите на ВМРО-ДПМНЕ и да се откаже од покачувањето на струјата, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега