ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш

Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш! Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено доцна вечерва во медиумите.

„Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието.

Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив.

Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници.

Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато. Ова не смее никогаш повеќе да се повтори.

Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро“, стои во соопшението на ВМРО-ДПМНЕ.

12.05.2022 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега