Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за оваа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО, каде што таа ѝ беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на Ленче Ристоска.
– Дури и во „Мамас“ како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите што ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е, од друга страна, пак, што ист човек во својата приватна фирма („Мамас“) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога избирал за државно обвинителство, примал луѓе што беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку, мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поинакви и побитни критериуми.И за крај, порачуваме барем да биде реална и искрена и додека говори јавно за подобност и критериуми и глуми, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Не се ова СДС и СЈО. Тоа време помина, велат од партијата.


