ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се нервозни, мандатот на Шилегов истекува, а тој нема ништо изградено, туку само руши

СДСМ ја покажаа пред јавноста целата дволичност на дело. Едно зборуваа пред 5,4 или 3 години, друго прават кога дојдоа на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Цел мандат ги замајуваа граѓаните, ама ништо не направија, ниту во Скопје ниту во Македонија. Градоначалникот Шилегов ветуваше реновирање, реконструкција, изградба на нова Универзална сала и што ли уште не, за сега на мала врата да промовира нејзино рушење. Тоа е главната слика на нивното владеење, рушење и деструкција. Само за тоа очигледно ги бива. Рушењето на симболот на солидарноста, наместо нејзина реконструкција или изградба на нова изгледа е полесно за Шилегов, затоа што во спротивно треба да ги засука ракавите и за промена нешто да направи наместо да уништува. Што се однесува до нејаснотиите кои постојат кај СДСМ за редењето на спомениците може да ги прашаат луѓето со багажот кој сега се во скутот на Заев. Оттука е разбирлива нервозата на СДСМ, бидејќи мандатот на Шилегов речиси измина, а тој нема направено ниту едно дело за Скопје и скопјани, порачуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа