ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку Саше Политико и клоновите слични на него врши директен атак врз слободата, правата и интегритетот

Денес СДСМ се легитимираше, отворено и јавно, дека стои позади се што прави лицето кое сака лажно да се претстави за новинар, Саше Ивановски Политико, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Значи СДСМ директно стои позади газењата и ограничувањата на слободата на говор која што ја прави Ивановски, врз упадите на јавните настани на Претседателот на Влада, позади вознемирувањата и упадите, навредите и провокациите врз јавни личности, пратеници, министри, културни и естрадни уметници. СДСМ преку Саше Политико, и клоновите слични на него врши директен атак врз слободата и правата и интегритетот што е незамислив чин за било кое демократско делување, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

На Потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски, се додава во соопштението, денес му беше нарушен интегритетот и беше вознемируван и предмет на вербален, со можност за сериозен физички напад од страна на платеникот на СДСМ Саше Ивановски кој евидентно ја загрози приватноста, личната безбедност и слободата на движење на Пешевски.

-Ваквиот напад на потпретседателот е трет по ред од страна на Саше Ивановски, од кој еден од таквите упади е направен во присуство и пред малолетните деца на Пешевски. Глумењето на жртва само претставува доказ за смисленоста на ваквиот инцидент предизвикан од Ивановски, а стимулиран и платен од СДСМ. Ваквите методи на делување се само приказ на дното и моралниот дефект присутен во раководството на СДСМ, како и типичен израз на фрустрација и нервоза која е резултат на слабата поддршка од народот. Следниот пат, и СДСМ и платениците како Политико и слични на него треба да бидат свесни дека ќе се носат со последиците кои се резултат на било кое загрозување на приватност, слобода и права кој секој поединец и субјект независно од функцијата која ја поседува.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за вакви случаи треба да се применат методи и техники кои се реализираат во сите слични случаи и примери застапени во западните демократски земји.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа