ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност при упис во средните школи

ВМРО-ДПМНЕ порача дека Владата катастрофално ги менаџира процесите во образованието, а системот за електронско пријавување паднал уште пред да почне аплицирањето.

„Почитувани,

Катастрофалното менаџирање на процесите во образованието од страна на владата се нов доказ зошто е премногу. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеајa да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување.

Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на уписот во средното училиште по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот.

За жал, со нив се случи уште една катастрофа. СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност и револтирани родители.

Децата не знаат дали се примени во училиштата каде што аплицирале, а веќе денес треба да започне новото пријавување.

СДСМ се неспособни во секој поглед, а нивната неспособност ја плаќаат децата и родителите. За пет години се сменија четири министри но неспособноста остана. 

Ова е премногу! Време е за избори и време е за промени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

21.06.2022 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа