ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот

„Лицемерие е законот за потекло на имот, ЈО и институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министри кои имаат имот без покритие со години. СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот. Додека Љупчо Путерот Николовски преку фирмата на неговиот брат врти милионски  профити.

Петре Шилегов додека е градоначалник со чиновничка плата направи хациенда во Маврово која во анкетен лист ја завел како имот од 55.000 евра, а и самиот призна дека истата чини многу повеќе“-реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во писменото соопштение доставено до медиумите, е потенцирано, како што велат, Шилегов кренал дивоградба на два ката и направил зграда во Тафталиџе. Сето тоа за четири години, со плата околу 1.000 евра.

Од партијата дополнуваат дека парите кои ги заработил за четири години не му стигаат ниту за едно од двата луксузи.

„Заевци неколкукратно си го зголемија имотот. Братучедите на Заев купуваат и прават фабрики за марихуана низ државата, а името на Вице Заев  се спомнува во секој бизнис.

Шекеринска во еден мандат се поднови со нова куќа, а Мила Царовска направи луксузна хациенда на Осогово.

Функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемија својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра. За голем број од нив ЈО иако има докази во изобилство не отвора истрага. Со Заев ништо нема да се смени ниту со таканаречениот закон за потекло на имот. Потребно е Заев да падне за да има правдина“-се вели во реакцијата на опозициската партија.

22.09.2021 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега