Колку и Венко да се обидува да ја продава својата “нова програма“ како некоја голема промена, вистината е дека ништо ново не постои и дека позади секоја негова изјава и секоја негова “иницијатива“ стои агенда која ја носи СДС во пропаст, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче како поранешен министер за здравство се обидуваше да профитира од буквално се што можеше, и му се случија најголемите скандали и го креираше системот кој ја урна довербата кај граѓаните, па  затоа сега не може да се претставува како реформатор без тоа да звучи како навреда за интелигенцијата на граѓаните.

Филипче е тој кој во јавноста остави перцепција дека системот се користеше за личните интереси, а не за граѓаните.

Заев и понатаму ја има реалната тежина и влијание врз СДС а тоа се потврдува со лицата кои сега се дел од највисокото раководство на партијата, а се блиски до него.

Ниту еден пиар трик, ниту најдобро осмислена кампања предводена од Башанвиќ не можат да ги избришат скандалите на Филипче за секоја неуспешна политика и секој обид за профит, додека Заев ја води и ја контролира партијата од позадина и гарантира дека истиот модел на лоши практики ќе продолжи.

Филипче е формален лидер без визија, без нови идеи, без способност да промени било што.

Реалноста е дека СДС се наоѓа во длабока криза токму поради луѓето кои ја водат, а Филипче се обидува да им ја избрише меморијата на граѓаните, со вакви нови амбалажи.

Според најновите анкети, СДС е трета партија во државата и нема ни цели 5% доверба од граѓаните, а Филипче како лидер е петти и далеку од тие 5% кои ги ужива партијата . И ова е сурова, непопустлива реалност која не може да се избрише.

Со лидер рангиран уште пониско од самата партија и со пад на довербата кај граѓаните јасно дека ниту една кампања не може да ја прикрие длабоката криза и изгубениот кредибилитет, велат од владејачката партија.

Exit mobile version