За прв пат во историјата на државата, институциите преземаат мерки за корупција за кој главен осомничен е актуелен директор без притоа тие да постапуваат по претходен голем притисок на медиумите и јавноста, како што беше во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата го санкционира коруптивното поведение на актуелни функционери без затоа да има јавен скандал.
Во време на СДС, свиркачи и медиуми вадеа документи, видеа и аудио снимки од криминали за тогашни функционери, а Заев, Ковачевски и Филипче не само што не ги менуваат, туку и ги штитеа и вршеа притисок врз институциите да не отворат постапки.
Во делот на манипулациите на СДС дека министерот Трипуновски треба да сноси одговорност, јасно нотираме дека станува збор за посебна институција која во своето менаџирање е самостојна.
Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, кои наведоа:
“Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите. Со оглед на тоа дека во моментов во тек е истрага, не би можеле да дадеме дополнителни коментари – велат од Делегацијата.”
По ова, секој нареден прес на СДС може да се земе единствено како димна бомба за сокривање од партиските превирања и несогласувања во СДС и се посилните барања за оставка на Филипче“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Актуелно
- Пренџов: Продолжуваме со реформски чекори во насока на стабилен, праведен и ефикасен правосуден систем
- СДСМ: Нема пари ниту за минимална плата, ниту за пензионерите
- Усвоен предлог-законот за Судски совет на второ читање
- Шкотска: Авион се судри со камион за гориво
- СДСМ: Мицкоски сите тендери си ги собра за себе
- Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата е опасен преседан кој го кочи европскиот пат
- Невреме во Франција: Евакуирани десетици луѓе во Монпелје, градот е под вода
- Почнаа гужвите на границите: Над 36.000 македонски државјани се вратија дома за викендот преку Табановце

