За прв пат во историјата на државата, институциите преземаат мерки за корупција за кој главен осомничен е актуелен директор без притоа тие да постапуваат по претходен голем притисок на медиумите и јавноста, како што беше во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата го санкционира коруптивното поведение на актуелни функционери без затоа да има јавен скандал.
Во време на СДС, свиркачи и медиуми вадеа документи, видеа и аудио снимки од криминали за тогашни функционери, а Заев, Ковачевски и Филипче не само што не ги менуваат, туку и ги штитеа и вршеа притисок врз институциите да не отворат постапки.
Во делот на манипулациите на СДС дека министерот Трипуновски треба да сноси одговорност, јасно нотираме дека станува збор за посебна институција која во своето менаџирање е самостојна.
Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, кои наведоа:
“Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите. Со оглед на тоа дека во моментов во тек е истрага, не би можеле да дадеме дополнителни коментари – велат од Делегацијата.”
По ова, секој нареден прес на СДС може да се земе единствено како димна бомба за сокривање од партиските превирања и несогласувања во СДС и се посилните барања за оставка на Филипче“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Актуелно
- Почнаа гужвите на границите: Над 36.000 македонски државјани се вратија дома за викендот преку Табановце
- МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција
- (ВИДЕО) Скандал на новогодишна прослава во регионот: Гостите се соблекувале голи, музилар завршил со скршеници, посекотини и модринки
- Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците
- Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут
- Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови
- МВР: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
- Трагедија на естрадата: Загина Самир Хоџиќ, долгогодишниот хармоникаш на Ханка Палдум

