СДС е се уште под шок од изборниот резултат. СДС нека се консолидираат, нека се вразумат, нека ја сфатат пораката од граѓаните, реагираат од владејачката партија .
Немаме што друго да додадеме на ова соопштение на СДС, кое сигурно не е ни став на партијата, туку е изнудена и соло реакција на некој индивидуалец што не разбира политика и им го хакирал мејлот на СДС. Затоа што на 2 дена по катастрофата што им се случи, само некој што не е од земјава или е тотално во аут од случувањата и без разбирање на комуникации, и е далеку од реалноста, би составил вакво соопштение од нигде никаде.

