ВМРО-ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што Грција го има со нашето име

 

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде ексклузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротивстави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно  за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бида согласни за понуденото решение.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура, се вели во сооопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, останува силно посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски. Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој

 

 

 

16.12.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа