ВМРО- ДПМНЕ: Повратот на ДДВ е потврда дека за СДСМ наместо зборот важи, зборот лажи

Повратот на ДДВ е потврда дека за СДСМ наместо зборот важи, зборот лажи, велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ, како реакција  на соопштението на СДСМ во кое велат дека со повратот на 15 отсто од ДДВ, државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните.

Од ВМРО- ДПМНЕ вела дека Заеви се поблиску до ограбување на граѓаните, власта манипулира со смешни мерки од кои единствено корист ќе имаат најбогатите.

„Со мерката Мој ДДВ која толку многу ја форсираат, сиромашните и просечните граѓани најмногу што може да добијат 156 денари во месецот, односно 1872 денари годишно, што е многу далеку од тие  30.000 кои Заев ги ветуваше.  Ако граѓаните се надеваат на овие пари за да вратат кредит, платат извршител, отидат на годишен одмор или да реновираат соба  потребни ќе им бидат најмалку 16 години.

Доколку СДСМ навистина сака да им помогне на граѓаните треба да го врати рамниот данок, да ја укине акцизата на нафтата која ја покачи, да стимулира намалување на цените на мало  и конечно да почне да ги реализира капиталните инвестиции кои имаа најниско ниво на реализација во историјата на Македонија стои во соопштението.

Од ВМРО- ДПМНЕ нагласуваат дека очигледно власта е фокусирана како само да се зголемат бизнисите на кланот Заеви и останатите функционери од власта кои цело време си  зголемуваат имот, местат тендери, и сами на себе си доделуваат грантови.

„Македонија и граѓаните со оваа власт само уназадуваат и осиромашуваат. Тоа може единствено да се промени кога СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев конечно ќе си заминат“ нагласуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега