ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 аманмани за Изборниот законик, кој попладнево се најде на дневен ред на седницата на Комисијата за европски прашања. Бидејќи амандманите беа поднесени неколку минути по започнување на седницата, истата е одложена за да се архивираат и преведат амандманите.

Според деловникот, Комисијата има три дена да ги разгледа амандманите, истите да бидат преведени и ставени на дневен ред и да се почне расправа за нив. Претседателот на Комисијата, Артан Груби, рече дека гласањето за измените може да биде во сабота кога истекува рокот.

 

 

 

19.07.2018 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега