ВМРО-ДПМНЕ: По 5 години власт најголемото достигнување на Љупчо Николовски е запленетиот путер

Секој што беше замешан во криминал, афери и скандали стана дел од новото раководство на СДСМ. Јасно е што ќе биде новиот фокус на партијата, криминал и провизија од матни зделки, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на вицепремиерот Љупчо Николовски за Сител.

Според опозициската партија, шефицата на УЈП, Сања Лукаревска ги штити фирмите на семејството и роднините на премиерот Зоран Заев.

- Николовски путерот кој ја штити корупцијата и криманалот во државата и ја спадна Македонија на 111-то место според индексот за корупција. По 5 години власт најголемото достигнување на Љупчо Николовски беше запленетиот бајат путер што не жоже да се каже вистинска борба против корупцијата, а најважно патување му беше одморот во Дубаи. Венко Филипче, пак, е човекот кој во сред пандемија наместо со спасување на човечки животи се занимаваше со провизии, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата велат дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не успеал да донесе ниту една инвестиција.

- А Битиќи не успеа да донесе ниту една инвестиција, економијата ја доведе во колапс што резултираше со 6.200 затворени фирми, а поради тоа 60.000 граѓани останаа без работа.  Експертот за сè, а најмногу за уништување на македонското образование, Мила Царовска е исто така во раководството на СДСМ. Министерката која го уништи ресорот труд и социјала, помогна во девастирање на економијата во сред пандемија, сега го уништува образованието. Додека низ Македонија родителите протестираат, Царовска форсира модели на дигитализација кои се непознати за развиениот свет. Тоа се луѓето во старо-новото раководство кои што многу добро се покажаа во сферата на криминалот, скандалите и корупцијата и според тоа си добија заслужени места во врвот на криминогената СДСМ, се вели во соопштението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега