ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда, сега ги кријат, тие работат за агентурни мрежи

„Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда, сега ги кријат, тие работат за агентурни мрежи.

Недозволиво е Пендаровски и Ковачевски да молчат, откако самиот Пендаровски по Советот за безбедност, дека странски агентури негативно влијаат на односите со Бугарија, ширејќи говор на омраза и негација за македонската нација, јазик и историја. Кои странски агентури работат на штета на Македонија и шират говор на омраза, Пендаровски да излезе и јасно да ги каже, спротивно ги девлавира институциите, и оддава впечаток дека зборува без аргументи или дека и самиот работи за странски агентури."- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пендаровски и Ковачевски не прават ништо за адекватно да реагираат на провокациите кон Македонија. Власта првин зборува едно, а потоа прави сосема друго, свесно наштетувајќи и на државата.

Власта крие и од каде се финансираат бугарските здруженија, кои креираат говор на омраза и ја негираат Македонија. Финансиските институции под владата требаше до сега да го истражат потеклото на парите, и да ги информираат граѓаните, но и да преземат адекватна реакција.

Власта не прави ништо за да ја гарантира стабилноста и угледот на државата."- велат од партијата.

03.02.2023 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега