ВМРО-ДПМНЕ: Партиско полициското малтретирање на граѓаните за Илинден е знак за немоќта и очајот на власта - народот ќе дојде по своето

 
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на Богданка Кузеска и порача дека таа и СДСМ треба да му се извинат на народот зашто прославата на Мечкин Камен ја претвориле во партиско полициско малтретирање на луѓето.
 
„Власта треба да одговори од што се плаши и зошто се штити од својот народ. Јавноста виде дека со полиција и партиска параполиција удрија по присутните на Мечкин Камен. Тоа е сликата која ја виде цела Македонија. Снимките покажуваат дека оваа ненародна власт го замолчуваше својот народ, ги тегнеше, малтретираше и удираше за да не биде вознемируван врвот на нивната партија. Ако ова е достоинствено за СДСМ, тогаш навистина имаат проблем со разбирање на терминот и значењето на одбележувањето на Илинден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Оваа власт, која удира директно по идеалите на илинденска и Асномска Македонија, со сила се брани од своите граѓани. Но тоа е само знак на нивната немоќ и очај. Кузеска и СДСМ знаат дека на сила ќе се одржат само уште малку, а потоа народот ќе дојде по своето, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
03.08.2022 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега