ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски не може да биде параван зад кој оваа власт ќе ги скрие своите криминали

СДСМ може да говори за морал и одговорност кога метлата ќе заигра за креаторот на хаосот и криминалот во земјава и аболицираниот Заев ќе си замине од власт. Оставката на Богоевски не може да биде параван зад кој оваа криминална власт ќе ги скрие своите криминали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку СДСМ сака да покаже морална одговорност, треба нејзниот лидер Зоран Заев да си поднесе оставка од премиер заради „ Евро за Вицето, евро за црквата“,  матно доделување земјиште на семејството и уште многу криминали кои ги спроведе изминативе две години. Заев и неговата врхушка на власт откако се на власт единствено што сработија е тоа што ги проширија своите бизниси преку матни и криминални зделки, тендери и грантови на грбот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, стои во реакцијата и се додава:

„Република Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ заради криминалот, корупцијата , партизираното судство и обвинителство од страна на СДСМ и Зоран Заев. И токму затоа местото на Зоран Заев како и Павле Богоевски не е во политика, туку во затвор. Кога оваа криминална власт на чело со Заев ќе си замине од власт, Македонија ќе тргне напред“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега