ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски

-ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски и оштетување на буџетот на општина Гази Баба, бараат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-За само 103 дена Борче Георгиевски од СДСМ како градоначалник на Гази Баба потрошил 11 милиони денари за поставување на нови линии за осветлување, и истовремено додека уште не завршил овој период доделил уште еден тендер од 1.7 милион евра за замена за актуелните светилки со лед, при што исплатил 20% аванс, се потенцира во реакцијата испратена утринава до медиумите.

-Георгиевски потрошил 2 милиони евра пари на граѓаните на Гази Баба за нецела година за осветлување. Ја повикуваме општината и градоначалникот Бобан Стефковски да ги ревидира постапките, а институциите да отворат постапка -  Дали фактичката состојба на терен соодветствува со таа во надзорот, општината и пријавената од фирмата изведувач. Дали се работи за реални потреби и работи или било потребно само да се исплатат аванси пред избори?, додаваат во реакцијата.

24.01.2022 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега