ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал на власта преку фиктивни фактури и фирми испумпани до 30 милиони евра како поврат на ДДВ од УЈП

На повидок е нов скандал на владата на СДСМ и ДУИ тежок до 30 милиони евра.

Владата ги злоупотребува институциите за профит на блиски луѓе до врвот на СДСМ и ДУИ.

Постојат сериозни сомнежи дека преку фиктивни фактури се правеле цесии со Управата за јавни приходи каде што директорува Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ , на фирми кои што се должници и фирми кои што се побарувачи на данок на додадена вредност, односно преку фиктивни фирми побарувачи и  фиктивни фактури од УЈП се испумпани до 30 милиони евра државни пари.

СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат парите на граѓаните. Ова е начинот  на кој СДСМ и ДУИ функционираат изминатите пет години.

Наместо парите на граѓаните да се трошат на проекти за подобар и поквалитетен живот, завршуваат во џебовите на блиски поединци  до власта.

Со СДСМ и ДУИ на власт,  Македонија тоне на секое поле.

 СДСМ и ДУИ ја донесоа државата пред целосен колапс.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон активна блокада и барање за предвремени парламентарни избори за спас од национална катастрофа предизвикана од Владата на СДСМ и ДУИ .

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
12.05.2022 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега