ВМРО-ДПМНЕ: Насилството на Арбр Адеми покажува дека нервозата во владеачката коалиција станува се поголемо

Насилството на Арбр Адеми покажува дека нервозата во владеачката коалиција станува се поголемо. Но таквата нервоза нека си ја манифестираат по дома или на партиските состаноци, а не во собранието, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Да навредуваш, влечеш, гаѓаш со тврди предмети и да расфрлаш инвентар не доликува никаде, а најмалку во законодавниот дом. За ова свое поведение Арбр Адеми треба да одговара пред Јавното обвинителство бидејќи со намера се обиде да нанесе тешки повреди на свој колега пратеник. Ако имаат доблест СДСМ и Ковачевски нема да се прават наивни и да релативизираат туку ќе побараат тргање на имунитетот на Арбр Адеми и одговорност. Целата јавност го виде насилството на Адеми и тука не им поминуваат оправдувања за хибридни напади, странски служби или играње на национална карта. Адеми дивееше и тоа го виде секој. Доколку пак на СДСМ и на ДУИ ваквите инциденти им се смислено сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста, и тогаш се лажат. Граѓаните ем ќе го запамтат дивеењето и примитивизмот на власта во Собранието, но во исто време ќе го чувствуваат осиромашувањето кое им се случува со двоцифрената инфлација и новото поскапување на струјата. Граѓаните ќе ги памтат и испадите на Адеми и на Талат Џафери, ама и распродажбата на националните и државните интересеи која се прави на тајните преговори за протоколите кои треба да ги содржат сите бугарски барања, истакнуваат од опозициската партија.

Граѓаните гледаат со каква насилничка, неодговорна, ненародна и криминогена власт си имаат работа и затоа бараат промени. Тие промени ќе се случат на следните предвремени парламентарни избори, додаваат од таму.

29.06.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега