ВМРО- ДПМНЕ: Наместо одговорност за загубените животи, СДСМ манипулира со граѓаните

ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение вели дека должност на секоја одговорна опозиција е да ги посочи пропустите на една власт, особено кога станува за една ваква неспособна власт, чија неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи.

„Наместо да побара одговорност од министерот Венко Филипче за загубените човечки животи, СДСМ се обидува да ги манипулира граѓаните без никаков срам.

Раководењето на Филипче со министерството за здравство создаде невиден хаос во здравството. Во Македонија владее епидемија  на болест за која веќе неколку децении постои вакцина, а се случува граѓани да ги губат своите животи при рутински операции и зафати. Единствено нешто што го интересира министерот се криминалните тендери“ велат од партијата.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека во моментов во Македонија имаме министер за здравство чиј бизнис и теснопартиски интереси се ставени пред здравјето на граѓаните. Крвавите тендери за Филипче се поважни од животите на пациентите.

„Нема ни трага ни глас од клиничкиот центар кој сега речиси требаше да биде готов, клинички центар кој благодарение на СДСМ ќе чини неверојатни 3 пати повеќе од претходно планираното.

Црнилата се насекаде, олицетворени во неспособната и криминална власт на чело со аболицираниот Заев. Што порано тие си заминат од Илинденска бб толку подобро ќе биде за граѓаните, дотолку побрзо ќе дојде зората и здравството во кое граѓаните ќе имаат доверба и нема да се плашат да одат на доктор кога ќе имаат проблеми со здравјето“ стои во соопштение од патијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега