ВМРО-ДПМНЕ: На Заев не му се важни интересите на граѓаните и Македонија, туку провизиите, рекетот и плантажите со марихуана

Зоран Заев е човек на кој не му се важни интересите на граѓаните и Македонија. Очекувано беше Зоран Заев да ја одбие иницијативата на Претседателот Мицкоски за лидерска средба каде што ќе се разговара за сите важни прашања во државата, бидејќи ќе мора да признае дека Владата и Заев се поразени на сите полиња, надворешен план, здравство, економија, образование, корупција и се останато.

Ова денеска го соопшти ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на премиерот Заев дека не гледа причина за лидерска средба.

Според партијата, на Заев и, како што велат, мафијата на власт, единствено им се важни провизиите, рекетот, семејните платнажи со марихуана и профитот на семејните бизниси на Заев, додека граѓаните се поразени на секој план.

-Доколку на Зоран Заев му е важно Македонија да тргне напред, ќе прифати лидерска средба и ќе разговара отворено за сите прашања. Да го потсетиме Зоран Заев дека пописот е статистичка, а не политичка операција, која се реализира согласно стандардите и примерите на напредните европски земји и „Еуростат“. Зоран Заев сака пописот да го сведе на политички пазар и наместо да се реализира статистички, да биде реализиран политички, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го поддржат Законот за попис бидејќи немало да се прави со консултација со оваа партија.

-Зоран Заев и СДСМ уште еднаш потврдија дека остануваат да робуваат на криминалот, корупцијата, срамот и предавствата. Наместо лидерство, слушнавме надменост и ароганција. Почитувани сограѓани се срамиме што вакви политичари одлучуваат за вашата и наша иднина. ВМРО-ДПМНЕ се оградува од ваквите политички мафијаши и ќе продолжи да работи исклучиво за вашите интереси и интересите на Македонија, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа