СДС повторно шират лаги и манипулации сметајќи дека некој ќе им верува. За да ја потврдиме нивната лага, ја пренесуваме вистинската вистина. Владата на СДС никогаш немала издвоено 140 милиони евра за Програмата за финансиска поддршка на земјоделството. Вистината е многу поинаква, веднаш по доаѓањето на власт, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 137 милиони евра за земјоделците. Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешните обвинувања од СДСМ дека власта ги остави лозарите и земјоделците без пари, скратувајќи им 40 милиони од она што им следува.

„Дополнително, сведоци сме дека и тие малку средства што беа креирани, уште помалку се исплаќаа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во период јули 2024 година – декември 2025 година исплати близу 10 милијарди денари (околу 163 милиони евра) за заостанати и тековни обврски.

Со ова се потврдува дека СДС ниту знае како да работи со земјоделците, но многу добро знае како да се додели тендер на фирма на Заев во висина од 1,4 милиони евра.

И секако, да не го заборавиме најдобриот земјоделски подвиг на власта на СДС, незаконскиот начин на одгледување на марихуана, со кој фирмите блиски до Заев и Филипче си ги наполнија џебовите.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму продолжува да ги поддржува земјоделците“. реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version