ВМРО-ДПМНЕ му оставија метла на Заев за Богоевски пред Собрание

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска од пред Собранието со метла му порача на премиерот Зоран Заев да не се мисли и да почне да мете од павле Богоевски кој деновиве е среде скандал поради објавената снимка на која се слуша неговито глас и се поврзува со дрога.

- „Богоевски призна дека нелегално купувал наркотични супстанци и го прекршил законот. Како што слушнавме на снимката од анонимен свиркач, Богоевски набавувал кокаин, па прашуваме дали тој има легитимитет како пратеник да одлучува во име на народот. Богоевски треба да одговори од каде вршел набавка, дали ја препродавал дрогата и колку време е корисник на нарко-супстанци. Доколку е чист уште вчера требаш да направи тест за дроги. Ги повикуваме надлежните институции и ОЈО да покрене постапка и да го затвори случајот, а Заев веднаш да се фати за метлата. Ако нема, еве ние му оставаме една пред Собрание“, изјави Стојановска, пренесесе Макфакс.

Инаку, снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи пак рече дека сите патишта за бомбите водат кон Заев, додека Тортевски се огласи за ситуацијата со Богоевски и порача дека 0,5 или 4,9 гр.марихуана или кокаин, е исто и следи најмалку година затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега