ВМРО-ДПМНЕ: Мора да има предвремени парламентарни избори

Предвремени парламентарни избори мора да има. Без разлика дали Македонија ќе добие датум или не, државата не може да продолжи со криминогената клика на Заев. Ова го велат денеска ВМРО-ДПМНЕ.

- Криминалот, корупцијата и рекетот не може и не смее да продолжат. Се додека на власт е Заев државата ќе тоне во криминал. Доколку има датум и Македонија да треба да отпочне преговори Заев и неговата криминогена клика немаат капацитет да ги водат преговорите и нема да можат ништо да сработат. ВМРО-ДПМНЕ со своите меѓународни активности направи се за Македонија да отпочне преговори. СДСМ и нивната криминогена политика се главните виновници доколку не добиеме датум за преговори. Зоран Заев во изминативе три години владее со криминал и корупција. Зоран Заев е единствен аболициран премиер во Европа, велат тие.

Додаваат дека Зоран Заев владее со насилие.

- Начинот со кој Заев владее со државата го гледаат нашите меѓународни партнери. Македонија не може да тргне напред со Зоран Заев. Македонија не смее да биде казнета заради Зоран Заев. Македонија треба да добие датум и потоа да се избере нова власт која што ќе има капацитет да ги реализира неопходните реформи. На Македонија и треба обнова, додаваат од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега