ВМРО-ДПМНЕ: Македонија урива рекорди во бројот на жртви од корона, починатите не се само бројки

Македонија продолжува со црните биланси од епидемијата. Заради лошото менаџирање со кризата, наместо да се стишува, епидемијата се уште е на нивото кога беше прогласена вонредна состојба, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.

Ова покажува дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки бараат начин како да ја спасат политичката кариера и како да го ублажат престојниот пораз на изборите.

Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители.

Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители.

Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават.

При вакви состојби СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори, затоа што мислат дека така ќе се спасат. Се лажат. Македонија прво ќе ја победи епидемијата, а потоа ќе ги победи неодговорните и погрешни политики на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ.  Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Тоа народот ќе го казни“, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега