ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема потреба од нов Зоран Заев

Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. На граѓаните им е преку глава од понижување и обесчестување на државата. Граѓаните сакаат претседател кој ќе ги брани нивните интереси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледен е стравот кај Зоран Заев и СДСМ од Гордана Силјановска Давкова, личност со интегритет и капацитет  да ја води државата, нешто што го докажала низ годините со нејзината професионалност. Зоран Заев и луѓето околу него немаат капацитет да го обединат општеството, напротив тие само го разделуваат. Две години потрошија на антидржавни закони и договори, кои само го разединија општеството и граѓаните. Заев и СДСМ се синоним на поделнби и штетни политики. Заев и СДСМ  треба да си заминат. Овие луѓе не можат да бидат додадена вредност за Република Македонија, со СДСМ државата само тоне, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега