Љупчо Николовски додека бил вицепремиер за борба против корупција, наместо да спречува тој креирал коруптивни шеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целокупното владеење на СДС и ДУИ беше обележано со криминал, а корупцијата навлезена во секоја пора од општественото делување. Николовски кој како вицепремиер за борба против корупција, имал задача да ја спречува тој дополнително ја создавал преку коруптивни шеми со кланот Заеви.

Додека Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, Николовски возвратил со контра услуга и грант од 1,4 милиони евра.

По отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кој е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, Николовски возвратил на Заев со грант за „Мамас“ од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра.

Николовски издејствувал европски грант каде добитник е фирмата „Тргопродукт’’ на кланот Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’.  А ова е втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата.

Колку вакви меѓусебни дилови направиле Заев, Филипче и Николовски и колку ја оштетиле државата и буџетот?

ЈО да отвори постапка и да ги истражи овие случаи.

Доказ дека СДС е приватна партија на кланот Заеви каде Филипче им ја чува фотелјата само за да им ги штити бизнис интересите, е последното разрешување на сите околу него и недозволувањето на демократски процеси и реформи на партијата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version