ВМРО-ДПМНЕ: Лажната социјалдемократка Царовска носи шал од Гучи кој чини колку една месечна плата на наставник

Лажната социјалдемократија на власта на Заев излегува на виделина. После златниот прибор на Заеви кој чини 50 илјади евра, сега гледаме дека министерката Царовска за шал потрошила 370 евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста.

– Ова е врв на безобразието. Во држава во која половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 2 евра дневно, премиерот јаде со златни лажици, а министерката Царовска која до вчера глумеше загрижена за ранливите категории се топли со Гучи шал кој е поскап од една просечна плата во Македонија, посочуваат тие.

Од партијата тврдат дека шалот на Царовска чини скоро колку две месечни плати во текстилната индустрија или скоро колку една плата на наставник во образованието.

– Лажното душегрижништво на Царовска , Заев и останатите во владата е врв на лицемерието. Се расфрлаат со луксуз од кој боли глава во време кога во Македонија без работа се останати 54 илјади работници и кога уште толку не земаат редовно плата. Додека државата енормно се задолжува со една милијарда евра за една година, буржоазијата на власт троши за луксузи и сопствени удопства. Јавноста се чуди потоа зошто власта не може да разбере дека на народот му се скапи патарините. Па како ситата власт да го разбере гладниот народ. Оваа однародена и одлепена од реалност Влада живее во свој свет на злато, шалови Гучи, шампањи, лигњи, додека народот гладува, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега