ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби

 

Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека претседателот Христијан Мицкоски дал предлог за преодна влада без ДУИ, и уставни измени со одложено дејство, откако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Но, како што наведуваат од партијата, Ковачевски тој предлог го одбил, а сега свикал состанок.

„Откако Ковачевски го одби тој предлог, претседателот Мицкоски даде втор предлог, избори, формирање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, поддршка за националните прашања од опозицијата, барање на гаранција од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, и барање од Бугарија да имплементира 3 пресуди од ЕСЧП. Ковачевски и ова го одби.

Откако Ковачевски виде дека заглави во слепа улица, тој се сврте кон свикување на состаноци“ обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека нивните предлози се единствен излез за Македонија, како и дека значат и интеграција на државата во ЕУ и зачуван идентитет.

09.06.2023 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа