ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив

„Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив.

Пендаровски не може да премолчи изјава која ја даде по Совет за безбедност. Тој излезе и како заклучок кажа дека агентурни мрежи стојат зад говорот на омраз и за антимакедонското расположение кое се креира. Пендаровски да каже кој ги мотивира и создава негациите кон Македонија, јазикот, историјата и нацијата.

Пендаровски и Ковачевски имаат обврска да ги заштити граѓаните и во најкраток временски рок да информираат за се што знаат, а е на штета на државата во однос на односите со Бугарија.

Истовремено со месеци институциите не преземаат активности за говорот на омраза и дозволуваат негации на нацијата и историјата. Власта преку финансиските институции треба да го утврди и потеклото на парите од кои се финансирани бугарските клубови.

 

Ковачевски и Пендаровски да не глумат коментатори и да преземат активности кои со закон се должни, а со цел да спречат негации на државата, нацијата и јазикот."велат од ВМРО-ДПМНЕ.

02.02.2023 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега