ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го помножи народот со нула

Ковачевски го помножи народот со нула. Вака ја коментираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој при денешната посета во Тетово истакна дека референдумот предложен од опозицијата бил нерелевантен.

„И денеска Ковачевски оди со глава во ѕид против народот, без да понуди едно рационално објаснување зошто бега од референдум.

Ако е се како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него.Референдумот е една од најголемите придобивки на демократијата. И како таков служи за власта да се води по ставот на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со бегање од референдум, Ковачевски покажувал, како што велат, дека не му е важен ставот на народот и го множи со нула.

„Тој треба да биде свесен дека со ваквиот однос кон народот тој самиот ќе биде нула и на референдумот и на следните избори“, се додава во партиската реакција на најголемата опозициска партија.

31.07.2022 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега