ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е свесен дека кариерата и фотелјата му се во скутот на ДУИ, па затоа молчи за бесрамното поведение на Талат Џафери

СДСМ и Ковачевски решија да застанат во одбрана на примитивното и вулгарно однесување на Талат Џафери. Заради фотелја и пуста власт подготвени се на секаква бламажа. За нив е нормално тоа што претседател на Собрание на земја членка на НАТО се среќава со лица кои се безбедносен ризик кои се блиски со режимот во Кремљ. За нив е нормално претседател на Собранието да навредува, пцуе и да вика по вработени во институцијата.

Со својот молк Ковачевски и СДСМ ја презедоа вината, одговорноста и срамот од поведението на Талат Џафери.

СДСМ, Ковачевски, ДУИ и Талат Џафери на секој можен начин ги понижуваат граѓаните и институциите на државата. Да имаа доблест уште вчера ќе побараа оставка од Џафери, но немаат. Свесен е Ковачевски дека владата, фотелјата и политичката кариера му се ставени во скутот на ДУИ и затоа е подготвен да проголта се.

Затоа Ковачевски бега од одговори и се прави како да не е од овде па ништо не чул и ништо не видел.

СДСМ и ДУИ заедно ги понижуваат народот и државата, па затоа и заедно ќе бидат поразени.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
24.05.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега