ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи за Законот за ЈО

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство доколку Владата, односно предлагачот има сериозна намера да ги прифати забелешките на опозицијата и ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа, порача лидерот на партијата Христијан Мицкоски во одговор на прашање по денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Скопје.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи и додаде дека ќе соработуваат за се што е во интерес на граѓаните.

-Следната недела ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско ниво, на стручно ниво, ќе бидеме дел и од политичките преговори, но ќе бидеме дел и од оваа експертска дебата, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега