ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги десеткуваме казните за сообраќајни прекршоци

Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. Граѓаните очекуваат правда и правичност. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за спроведување на систем за превенција па казнување. Во таа насока ќе следат нови модели во работењето на трудовата и пазарната инспекција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Казната ќе следи само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако истата и натаму се повторува од страна на правното лице. Се обврзуваме на десеткување на казните за сообраќајни прекршоци. Граѓаните мора да се растоварат од гломазните и драконски казни. Пример доколку некоја глоба сега изнесува 300 евра, таа ќе се сведе на 30 евра.

Системот на мали, но ефективни казни ќе придонесе кон намалување на корупцијата, ослободување на институциите од прекумерни предмети кои чинат пари и време, и ќе помогне во јакнењето на свеста на граѓаните за почитувањето на правниот систем.

По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се додава во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа