ВМРО-ДПМНЕ: Како од милион евра дојде до половина милион евра злоупотребени средства?

Политиките и мерките на власта на Заев се тотално фијаско. Тоа се однесува и на последниот скандал со распределба на државна помош на фирми кои на крајот не завршиле кај работниците, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

-Но постои основан сомнеж дека скандалот е многу поголем. Се поставува прашањето дали власта на Заев  крие фирми кои зеле помош, а не ја исплатиле кај работниците? Зошто беше објавен список со погрешни податоци на фирми кои платиле? И на крајот најважното прашање, зошто за два дека презентираа различни суми, односно еднаш рекоа милион евра, за потоа сума да биде двојно помала или половина милион евра? Власта на Заев во многу наврати беше поврзувана со скандалозни исплати на државни средства. Оттука не би не зачудило ако поради ваквите нелогичности од половина милион евра се крие вистинскиот список на фирми во кои можеби се наоѓаат токму фирми на партиски функционери, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека граѓаните, а посебно работниците не можат да бидат сигурни кога се работи за мерки и политики креирани од Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа