ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да му поднесат кривична на Зечевиќ зашто за Водици ширел корона во Охрид

Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на генералниот секретар на таа партија, Миле Зечевиќ, бараат од ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат дека тој бил позитивен на Ковид-19 и како што велат, ширел зараза на настани во Охрид.

Од опозициската партија јавно повикуваат, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова, да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ.

„Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона. Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини“, се наведува во партиската реакција.

24.01.2022 - 17:51
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега