ВМРО-ДПМНЕ: И по 4 години, Шилегов нема свој проект, па се фали со тие на Коце

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов немал свои проекти и се фали тие на неговиот претходник, Коце Трајановски.

-Подземните сообраќајници на кои Шилегов се повикува како таа кај Јужен булевар се проект на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа уште од 2012 година кога е потпишан договорот со инвеститорот „Лимак“ за изградба на станбено-деловниот комплекс, кој како обврска ја има подземната сообраќајница. Шилегов треба и да се одлучи дали му се допаѓа барокот кога ги простира платната со неговиот лик и ликот на Герасимовски или кога прават скапо платени прослави и гозби во тие објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Шилегов ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје.

-Шилегов не направи ништо за Скопје и по 4 години, тој нема свој проект, па се фали со тие на Коце и на една недела пред избори нема програма, па ја краде таа на Данела, се вели во дописот од опозициската партија.

08.10.2021 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега