ВМРО-ДПМНЕ: Гасоводот Тетово - Гостивар со кој се фали Заев го почна владата на ВМРО-ДПМНЕ и требаше да биде готов пред една година

Денес Зоран Заев промовираше уште еден проект започнат од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е гасоводот Скопје - Тетово - Гостивар, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој проект во месец март 2017-та година беше започнат од владата на ВМРО-ДПМНЕ и требаше да биде готов пред една година поточно во 2019-та година. Парите за тој гасовод беа обезбедени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а единствената заслуга на владите на Заев е тоа што овој проект е закочен и се касни една година за негово финиширање.

Му благодариме на Заев што ги промовира проектите на Владите на ВМРО-ДПМНЕ и би му препорачале да не касни со нивната реализација.

Доколку не беше каснењето на Заев од една година ќе можеше да се спроведе планираното од владите на ВМРО-ДПМНЕ и да се започне и следната фаза на градба на гасоводот до Кичево со кој и граѓаните и компаниите од оваа општина ќе добијат природен гас.

 

На неспособната влада на СДСМ, владите на ВМРО-ДПМНЕ им оставија и гасоводи Штип, Неготино каде градежните работи денес се во стагнација“ велат од опозицијата преку соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега