ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче „ја продолжува бугарската агенда за понижување на Македонија“, заборавајќи, како што велат од партијата, дека токму тој и неговиот „струмички ментор“ се виновници за прифаќањето на, според нив, „штетниот договор со Бугарија“, поради кој државата денес се соочува со уцени и притисоци.

„Филипче продолжува да ја игра улогата што му е доделена – да ја понижува сопствената држава и да крева паника, бидејќи е заложник и киднапиран политички лик. Токму затоа пред кампањата ја отвори оваа тема, не од незнаење, туку како дел од подлабока агенда на зависност од нашите соседи“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Македонија ќе продолжи со реформите и покрај политичките притисоци, оценувајќи дека извештајот на Европската комисија се користи како инструмент за условувања и политички влијанија.

„За нас е јасно дека вакви извештаи ќе има сè додека не се најде решение со Бугарија. Сепак, извештајот го сметаме за реален и охрабрувачки – тој е патоказ за идните реформи“, велат од партијата.

Exit mobile version