ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е само фигура и само на хартија претседател на СДС

 


Нема нови лица во СДС. Целото партиско раководство, под водство на марионетата на Заев, Венко Филипче се стари и излитени кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите до еден се луѓе на Зоран Заев и тој сеуште раководи со партијата. Филипче е само фигура и само на хартија претседател на СДС.

Третиот и четвртиот ешалон од времето на владеење на Заев со државата и со СДС, сега се најдоа во најтесното раководство на партијата, каде што за претседател е поставен Венко Филипче, марионета на Заев.

Најголемите потрчковци и послушници на Заев, меѓу кои и разни поранешни НВО и Сорос активисти, кои само тој може да ги контролира, сега ги става во служба на Филипче.

Граѓаните, но и чесните членови на СДС, не можат да очекуваат ништо ново од рециклирани кадри, верни слуги на Заев кои сега се ставија во служба на Филипче.

Тие кои се изворот на најдлабокиот изборен пораз на СДС во историјата, не можат да бидат решение и да се продаваат за нови лица.

Како верни извршители на наредбите на Заев, сегашното раководство на СДС на чие чело е поставена неговата марионета, Венко Филипче се директно виновни за целосниот хаос во државата. Тие се виновни што за седум години власт, не преземаа никакви мерки и што граѓаните дишат загаден воздух.

Целото раководство на СДС, а пред се и Филипче, како поранешен министер за здравство, се директи виновници за лошите состојби во здравството.

Тие се виновни и за неинвестирањето во инфраструктурата, како и за целосното назадување во сите полиња на државата.

Најлошиот избор на децата на Заев кои сега се раководство на СДС и во служба на неговата марионета, Венко Филипче како што за седум години ја заглавија и уназадија Македонија, така можат само дополнително да го заглават и СДС“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

29.11.2024 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега