Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку давање изјави во јавноста, кои се спротивни на официјалните ставови на Софија, а во врска со македонскиот идентитет.
Вчера, по половина час откако се формираше новата бугарска влада, Филипче не издржа и итсрча прв да честита со објава на социјалните мрежи во која за сопствената држава вели дека создавала вештачки конфликти со соседите.
По телевизиски настапи, Филипче, освен што потврдува дека е спремен да исполнува агенди на туѓи земји, продава и приказни за Европа и вели дека уставните измени би ги потпишал веднаш, без гаранција за Македонија дека ова е последна пречка на евроинтегративниот пат.
Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Францускиот предлог се печатот на влаадеењето на СДС, со што создадоа преседан и ја направија Македонија да биде мета на уцени, блокади и билатерални спорови.
А Филипче и сега од позиција на опозиција, продолжува да тврди дека тоа биле успеси.
По Заев и Ковачевски, Филипче е третиот во низата од СДС, кој е подготвен да прави национални отстапки, затоа што единствена константа во СДС е борбата за власт, а во моментов со Филипче и за опстанок.
Додека од Бихаќка ја продаваат приказната за европска ориентација, паралелно се обидуваат да ги контролираат критиките на нивните социјалните мрежи, и да создадат некој впечаток дека нивниот ‘проевропски наратив’ е конзистентен со нивните постапки.
Од друга страна одржуваат и проруски релации.
Тука се примерите со Онишченко, на кого Заев и Филипче му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија во земјава, земја блиска до руската политика, кој доби 77 тендери од владата на СДС, како и Миодраг Давидовиќ Дака, за кој еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово за проект во вредност од 200 милиони евра.
Филипче се продава и на домашна и на меѓународна сцена, по телевизиски настапи се однесува како да седнал во премиерска фотелја , а не како да е опозиција и пред исчезнување од политиката, и како само тој да е едниствениот кој го знае патот до ЕУ, додека СДС секој ден губи гласови, за што една од причините е и релативизирање на македонскиот идентиет како и предавничките политики, и со ова темпо, за брзо време, ќе стане маргинализирана партија, се вели во соопштението на влдејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.


