ВМРО-ДПМНЕ: Европол открива атентат врз Вучиќ, од мафијашот Звицер кому Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека нов скандал го тресе Министерството за внатрешни работи со кое раководи Оливер Спасовски.

-Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија потврдија дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ. ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата "мафија" пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер, велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, по една година нема виновни во аферата со македонските пасоши кои ги добиле, како што велат, регионални и светски мафијаши.

-Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме. Ова покажува дека покрај срамот за Македонија кој го приредува Спасовски, тој е отворен заштитник на криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

22.01.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега