ВМРО-ДПМНЕ: Економијата тоне затоа што власта презема погубни политики

„Светската банка и даде црвен картон на владата. Според најновата прогноза на Светска банка растот на економијата во наредните две години ќе биде под регионалниот просек“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ утринава.

Од партијата велат дека во ситуација кога Светска банка прогнозира раст на регионалните економии со околу 4% и над тоа, македонската економија ќе има раст со нешто над 3%.

„Зоран Заев од опозиција ветуваше од 5% до 7% раст, а три години како е на власт, а не сме ни блиску.

Со ова темпо на раст економијата премногу бавно се движи и не може да го стигне ниту балканскиот , а не пак европскиот просек.

Економијата тоне затоа што власта презема погубни политики. Покачените даноци, зголемувањето на акцизата, воведувањето на нови давачки се причина земјата се повеќе инвеститори да ја заобиколуваат.

И додека инвеститорите не доаѓаат, граѓаните бегаат. Според податоците на Светска банка над 500.000 граѓани ја напуштиле земјата.

Доволно е само да се тргнат розевите очила на СДСМ и ќе видиме како од Делчево во само еден ден си заминаа 1000 луѓе. Луѓе заминуваат и од Липково и од Тетово и од Сарај. Македонија се празни.

Реалноста која ја креираше СДСМ е сурова. Граѓаните живеат без надеж и можност за подобра иднина.СДСМ нема легитимитет да ја управува државата. СДСМ мора да си замине“ стои во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега